Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил објави дека денеска остварил средба со амбасадорката на САД, Анџела П. Агелер, како и со заменичката амбасадорка, Никола Варнес.
– Разговаравме за тековните политички и економски прашања и за напредокот на државата кон Европската унија. Ја нагласив важноста на стратешкото партнерство со САД и истакнав дека американската поддршка е клучна за развојот и стабилноста на земјата. Се согласивме да ги зајакнеме билатералните односи и да ја зголемиме соработката во различни области, напиша Мицкоски на фејсбук.