Турција го забрани Инстаграм

Турција го блокираше пристапот до социјалната мрежа Инстаграм, откако наводно оваа платформа не успеала да се усогласи со законите и правилата на земјата, изјавија од турската влада.

Овој потег доаѓа откако висок турски функционер ја обвинил платформата дека ги блокира објавите со изразување сочувство по убиството на Исмаил Ханије, лидерот на палестинската милитантна група Хамас.

„Го предупредивме Инстаграм за одредени прекршувања. Сакаме да се почитуваат правилата. Интервенираме кога тие не ги почитуваат правилата и чувствата на јавноста“ изјави министерот за транспорт и инфраструктура на Турција, Абдулкадир Уралоглу.

Тој додаде дека се во комуникација со Инстаграм и дека штом платформата ги адресира барањата на турската влада, забраната ќе биде повлечена.

Прочитајте и:  „Вкусот на Турција“ во Скопје

Тој сепак не објасни кои се конкретните забелешки кои турската влада ги дала до Инстаграм и кои платформата треба да ги исправи.

Пристапот до Инстаграм во Турција беше ограничен во петокот, а од компанијата Мета се уште нема коментар ниту за забраната, ниту за обвинувањата од турската влада.

Извор: Ројтерс

- Реклама -