Претставата ,,Стапицаво” во Центарот за култура Битола

Во недела од 29.30 до 21.15 часот, во Центарот за култура во Битола во склоп 13.издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ ќе се одигра претставата ,,Стапица” која е создаденa во соработка помеѓу група литвански и француски театарски уметници. Визуелната, надреалистичка претстава „Стапица“ длабоко ја истражува темата на манипулација. Претсавата е инспирирана од лични искуства на уметниците и судири со заблуда, манипулативна реалност и појава на маски во нашиот секојдневен живот. Уметничката форма на ,,Стапица” е инспирирана од ликот на симболот на маската и неговата уметничка интерпретација во делата на познатиот литвански и полски сликар Стасис Еидригевичиус, како и делата на Јан Шванкмаер. Во претставата „Стапица“ идеите не се артикулираат преку зборови, туку преку предмети, маски и движење. Маските за изведба се креирани од познати канцелариски предмети од секојдневниот живот и помагаат да се открие внатрешната состојба на ликовите (актерки: Кристина Маурушевичиуте и Вилма Раубаите) Ликовите во „Стапица” постојано се наоѓаат во разни манипулативни мрежи: разновидни сценарија на експлоатација на пазарот на трудот, имагинарни злосторства, општествени норми, лични стравови и нереални соништа. Со цел да се одбрани и да се усогласи, карактерот на актерката Кристина Маурушевичиуте не само што се спротивставува, туку и ги слуша улогите наметнати од манипулаторите, почнувајќи сама да носи маски. Бегајќи од една во друга стапица, таа се наоѓа самата себе заробена во другите – попаметна, посветла, сè поневидлива, исто како во современото општество и во нашиот секојдневен живот. Како да се задржи честа и достоинството во овие околности? Дали е можно да се избега од стапицата на манипулаторите? Кои се причините за бескрајната манипулација?

Актерките Вилма Раубаите и Кристина Маурушевичиуте користат маски во претставата како средства за откривање на сложени односи меѓу ликовите на претставата и нивните внатрешни чувства. Маските за изведба се динамични, моќни и неочекувано, парадоксално создадени од различни предмети специфични за деловен простор. Овие маски кои постојано се менуваат како нашите постојано менливи улоги во општеството. Ова ќе биде интересен предизвик и поука за тинејџерите во иднина да се спротистават на манипулациите со кои ќе се соочат во животот и да се борат секогаш да го одбранат својот идентитет и интегритет. 

Theatre Stories е театарска платформа која обезбедува можности и простор за изведувачки уметници од различни земји да експериментираат и да истражуваат нови визуелни театарски јазици и можности и на нивни нови уметнички начини да раскажат значајни приказни преку визуелни театарски средства и да разговараат со нивните гледачи за релевантни и значајни теми.

Le Tas de Sable – Ches Panses Vertes, копродуцискиот партнер на овој проект, е место и компанија посветена на уметничко истражување и создавање на кукларство и современо пишување. Проектот може да се подели на четири главни области: продукција, менторство на уметници, планирање и пренос на настани. Развојот на истражувањето е петта вкрстена цел. Le Tas de Sable – Ches Panses Vertes постојано бара нови начини за растегнување на границите, за поддршка на иновациите и подобрување на комуникацијата со публиката.

- Реклама -