СДСМ: Направивме превид во однос на кадровските решенија во МЕПСО за што јавно се извинуваме

Денеска во одговор на новинарско прашање СДСМ направи превид во однос на кадровските решенија во МЕПСО.

Во морето на информации кои пристигнуваат до СДСМ за погрешната кадровска политика на ВМРО-ДПМНЕ, пристигната е и нецелосна информација која не беше целосно проверена, со што е направена ненамерна грешка со имињата за членови на Управниот одбор односно Надзорниот одбор на МЕПСО.

СДСМ како одговорна и принципиелна партија упатува јавно извинување до споменатите имиња кои не се дел од новите кадровски решенија во МЕПСО, но и до целата јавност.

Центар за комуникации на СДСМ

Прочитајте и:  Инцидент во Собранието, за малку избегната физичка пресметка меѓу Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ
- Реклама -