Ахмети – Мејдани: Албанците се потценуваат, се работи на платформа за легитимитет и непогазување на нивната волја

Претседателот на ДУИ – Али Ахмети, денеска во Тетово го примил новиот амбасадор на Албанија во земјава – Денион Мејдани.

Како што соопштија од ДУИ, Ахмети му честитал на амбасадорот Мејдани за новата должност и го уверил дека братските односи меѓу него и претставниците на Албанија во земјава ќе продолжат како и секогаш. Како што велат од партијата, тој го информирал и за актуелната политичка состојба во земјата и за последиците што може да ги донесе „одлуката за суспендирање и непочитување на волјата на албанскиот народ изразена на демократски избори на 8 мај“.

„Охридскиот договор го кршат и денешните вазали кои секојдневно ги понижуваат Албанците и се повеќе војводата ни врти грб и ги уништува достигнувањата во однос на еднаквоста во државата“, додаваат од ДУИ.

Прочитајте и:  Честитка од Ахмети за Денот на албанската азбука: До вчера го унапредувавме, денеска мора да го браниме албанскиот јазик 

Ахмети, посочуваат, го информирал Мејдани и за ангажманот на Пол Вилијамс и неговиот тим експерти за дизајнирање на „платформата на легитимитет и недозволување да се гази волјата на Албанците“.

„Се разговараше и за Коридорот 8 и беше договорено дека тој е најважниот историски инфраструктурен проект меѓу двете земји и ќе продолжи да се гради. Сувото пристаниште во Струга, заедничката контрола на границата, изградбата на пругата Кичево – Драч, Коридорот 8, мора да продолжат и навремено да се реализираат“, соопштуваат од ДУИ.

- Реклама -