Меѓународната стрип-колонија „Рашка 2023″

Од сaбота 27 јули до среда 31 јули во туристичкиот комплекс во село Семетеш во соседна Србија се одржува 12. Меѓународната стрип-колонија „Рашка 2023″.

На колонијата преку Стрип Центарот на Македонија-Велес ќе присуствуваат Ангела Петрушевска –млада и талентирана стрип авторка од Скопје и Томе Трајков-програм координатор на организацијата.

На стрип колонија ќе учествуваа и млади од стрип училиштата од Србија: од Ваљево, Рашка, Лесковац, Белград , Сомбор и Крагуевац.

Томе Трајков го нагласува повеќегодишното учество на македонски автори на оваа стрип колонија коешто датира од 2015 година и со кое се продолжува повеќе годишната успешна соработка помеѓу Стрип-центарот на Македонија со седиште во Велес и Клубот на ликовни уметници „Рашка школа” , Канцеларијата за млади и центарот за култура „Градац” од Рашка.

Прочитајте и:  Во тек e пријавувањето за најмасовниот регионален стрип настан

Македонија е единствена поканета земја надвор од српското јазично подрачје.

- Реклама -