Кон средината на 2023 година, Винамп повторно ја оживеа својата веб верзија, што предизвика измешани чувства кај корисниците, бидејќи не нудеше можност за репродукција на ваша содржина, туку се фокусираше на бизнис модел со претплата наречен „Фанзон“.
Сепак, компанијата Лама Груп, која стои зад проектот за „оживување“ на Винамп, неодамна ја пушти и мобилната апликација на некогаш популарниот медиа плеер, достапна за Андроид и iOS.
Мобилната апликација овозможува слушање на музика, поткасти и радио станици, а можно е да се слушаат купени песни, како и сопствена музика која корисниците ја имаат на телефонот или на клауд.
За слушањето музика не е потребна никаква претплата, дури ни активна интернет конекција.
На носталгичарите ќе им се допадне тоа што повторно е тука познатиот „еквалајзер“ од оригиналниот Винамп.
За жал, апликацијата не нуди можност за инсталирање на надворешни „скинови“, опција која го красеше стариот плеер.
Извор: Б92