СПМ: Пазарењето на ДУИ за етнички поделби и територијален раздор е спротивно на Уставот, институциите да постапат

Социјалистичката партија на Македонија ги оценува иницијативте на ДУИ за ангажирање странски експерт што би понудил платформа за промени на државата како антидржавна политика спротивна на Уставот и Рамковниот договор.

ДУИ со СДС направија непростивни предавства и злодела кон Македонската држава и народ и затоа беа казнети на изборите. Тие не сакаат да ја прифатат вољата на народот да бидат опозиција и се обидуваат со пазарење за етнички поделби и територијален раздор да извлечат некаква корист.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека ваквите приватни иницијативи на ДУИ се веќе видена работа и не треба да се толкуваат поинаку освен како прикривање на криминалните активности на кои се потврдени во досегашното владеење и за кои мора да одговараат.

Прочитајте и:  Честитка од Ахмети за Денот на албанската азбука: До вчера го унапредувавме, денеска мора да го браниме албанскиот јазик 

Вонинституционалното дејствување на ДУИ е спротивно на демократијата и интересот на граѓаните кои се згрозени од рекетарскиот и криминален настап за етнички поделби и конфликти.

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека ДУИ ако не е во власта се обидува да ја сруши унитарноста на државата по етнички и територијален принцип спротивно на Уставот што е криминално однесување. ДУИ не го интересираат ни албанците ни македонците туку само интересите на криминалната партиска врхушка.

Социјалистичката партија на Македонија ги повикува надлежните институции да постапуваат според Уставот, законите и меѓународното право и да не дозволуваат замешателства и креирање на кризи во државата од било кого.

Социјалистичка партија на Македонија

- Реклама -