Во понеделник на 23 јули во Сули Ан Скопје, Дирекцијата за култура и уменост на Скопје и ФАМЕ’С Институтот го организираат концертот на оркестарот на ФАМЕ’С Институт, кој ќе се одржи во рамки на јубилејното 45. издание на фестивалот „Скопско Лето“.
Диригент е Скот Флавин (САД), а солист Ирина Мурешану – виолина (Романија/САД)/
На програмата се дека на Ф. Прајс/F. PRICE: Adoration, М. О Конор/M. O’CONOR: “Strings and Threads” Suite – ,,Queen of the Cumberland” и “Texas Dance Hall Blues”, Џ. Лесард/J. LESSARD: Concerto for Flute, Clarinet, Bassoon, and String Quartet со Presto, А. Копланд/A. COPLAND: Appalachian Spring, Л. Бернштајн/L. BERSTEIN: West Side Story Suite arr. for solo violin and orchestra „ America“, „Мaria“, „Тonight“, „ I have a Lovе“ и „Mambo“, С. Џоплин/S. JOPLIN: The Easy Winners, Х. Манцини/H. MANCINI: Days of Wine and Roses, Џ. Гершвин/G. Gershwin: It Ain’t Necessarily So
ФАМЕ’С европскиот окрестарски изведувачки институт претставува музички образовен центар кој што е создаден во рамките на компанијата ФАМЕ’С која се занимава со професионално снимање и продукција на музика. Институтот претставува уникатна платформа за професионална музичка едукација, размена на искуства и креативност, наменет за млади талентирани инструменталисти од Европа, во полето на оркестарската музика, како дел од програмата за Пан-Европски културни ентитети (CREA-CULT-2021-PECE). Фокусирајќи се на креирање можности за младите таленти програмата обезбедува едукација и разновидни оркестарски практки, истражувајќи нови стилови, збогатувајќи го репертоарот со нови композиции итн. Оваа програма овозможува високо професионално ниво на обука, пракса, менторирање и изведби, преку новите методологии и технологии кои се овозможени во студиото на ФАМЕ’С.
Преку различни дигитални платформи, проектот се стреми и кон развој на нова публика, пренесувајќи ги искуствата и културниот диверзитет на европското музичко наследство.
Скот Флавин, роден во Бостон (САД) е музичар со сестрана кариера, без разлика дали диригира класични музика, ги придружува најголемите светски џез ѕвезди или изведува современа музика. Неодамна е назначен за постојан диригент за престижниот оркестар Symphony of the Americas. Освен тоа, тој е и постојан диригент на орекстарот на Хенри Манцини Институтот. Флавин настапува со различни уметници како: сопранот Денис Грејвс, Бич Бојс, виолинистот Џозеф Силверстајн, џез-пијанистот Чик Кореа и Дејв Грусин и многу други.
Диригирал на летни фестивали, вклучително и Pine Mountain Music Festival и Летната младинска музичка школа на Универзитетот во Њу Хемпшир, и е професор на Eastern Music Festival, каде што предава заедно со познатиот диригент Џерард Шварц. Диригира со различни оркестри во САД и ЕУ. Неговото деби како диригент беше на специјалната телевизија PBS, во специјалниот проект „Џез и филхармонија“, емитувано во јануари 2014 година. Скот Флавин е страствен едукатор, тој е професор по виолина, камерна музика и оркестарско диригирање на Frost School of Music на Универзитетот во Мајами.
Виолинистката со романско потекло Ирина Мурешану е подеднакво барана на двете страни на Атлантикот, настапувајќи низ САД, Канада, Карибите, Европа, Азија и Јужна Африка. Г-ѓа Мурешану цврсто се етаблира како вешт уметник за снимање на музика, а нејзините авантуристички програми и тематски концепти ја дефинираат како солист и камерен музичар.
Лауреат и добитник на врвни награди на неколку престижни меѓународни натпревари за виолина, вклучувајќи ги натпреварите во Монтреал и Вашингон, Кралица Елизабета, УНИСА и натпреварот за гудачи Шадт. Наградите на Мурешану ја вклучуваат и музичката награда Пресер, наградата Артур Фут од Музичката асоцијација Харвард, Pro Musicis International Award и грантот на New Music USA.
Сезоната 2023-2024 на г-ѓа Мурешану покрај настапите во Франција, Србија, Кајманските Острови, Република Молдавија, голем број на фестивали во Соединетите Држави, ја вклучува и Македонија и тоа со неколку концерти.
Како добитник на „Грантот Енеску“ од Романскиот културен институт, оваа година таа има тримесечна позиција како уметник во резиденција во Cité Internationale des Arts во Париз.
Мурешану неодамна ја доби престижната награда Фулбрајт (Fulbright) и наградата за независни стипендии, истражување и креативност од Универзитетот во Мериленд за нејзиниот проект „Infinite Strings“: создавање платформа дизајнирана да промовира музика за виолина од романски композитори. Таа е, исто така, добитник на тригодишниот грант „Големите предизвици“ од Националната научна фондација од Универзитетот во Мериленд за истражувањето „Музичко образование за сите преку вештачка интелигенција и дигитални хуманистички науки“.
Реномираната мултимедијална програма за соло виолина на Мурешану „Четири жици низ светот – која ја слави различноста на музичките култури низ целиот свет преку дела на композитори од пет континенти – сеуште предизвикува големо внимание кај публиката и критиката. Издадено како соло ЦД за виолина во 2018 година од етикетата Sono Luminus номинирана за Греми, ЦД-то беше наречено „illuminating release“ од Boston Globe.
Ирина е активен камерен музичар и солист и е член на Бостонското трио. Настапува на фестивали како што се Баргемјузик во Њујорк, фестивалот Рокпорт во Масачусетс, серијата концерти на Беј Чемберс во Мејн и Фестивалот Боудин, Колорадо Стрингс на музичкиот фестивал Планините и Сан Хуан, фестивалот на камерна музика во Мауи на Хаваи, музичкиот фестивал Реизенд во Холандија, белгискиот фестивал ван де Леи и фестивалот Rencontres des Musiciennes во Франција и островот Гвадалупе.
Ирина Мурешану е вонреден професор на Факултетот за музика и придружниот факултет на Институтот за напредни компјутерски студии на Универзитетот во Мериленд, факултетите на Бостонскиот конзерваториум во Беркли и на музичките катедри на Харвард и МИТ. Таа има престижна диплома за уметник и доктор по музички науки од Конзерваториумот Њу Ингланд, каде студирала со легендарната француска виолинистка Мишел Оклер.