Во сабота на 20 ти јули со почеток во 19.00 часот, во село Смилево ќе се одржат:
– Изложба на алтернативни фотографии „Улишта“ на Миша Кескеновиќ, Сежана, Словенија
– Изложба на алтернативни фотографии на фото клубот Ирис, Темишвар, Романија
– Проекција на отворено на филмот „Манаки-приказна во слики“ на Роберт Јанкулоски, дел од програмата на Патувачкото кино на МакеДокс
– Камерен концерт на Сиот тој џез во смилевската кооперација
„Не си на море, не си на река, во градот пекол. Горе, сред смилевската ладна корија едно чудо настани!“ порачуваат организаторите.