Владата на Украина предлага зголемување на воениот данок

Украинската Влада на денешната седница ги одобри нацрт-измените на буџетот за 2024 година, со кои ќе се зголемат трошоците за одбрана за 495,3 милијарди гривни (околу 10,9 милијарди евра). Тоа е првпат откако Украина беше нападната од Русија.

Владата бара зголемување на воениот данок од актуелните 1,5 на пет проценти, како и да се прошири бројот на компании кои мора да плаќаат воен данок на микро и малите фирми, но и самовработените лица. Измените треба да бидат одобрени од Парламентот и потпишани од претседателот Володимир Зеленски пред да стапат во сила.

Владата предложи и зголемување на даноците и другите царини, од воен данок што ќе го плаќаат граѓаните до воведување дополнителни царини за некои увозни производи и зголемување на акцизите за горивата.

Оваа војна сега е во трета година, а потребите во безбедносниот и одбранбениот сектор растат. За да го финансираме нашиот отпор кон агресорот, можеме да се потпреме само на сопствените ресурси, од кои главни се даноците и задолженоста на домашниот пазар. Ова ќе ја осигури нашата безбедност и ќе ја доближи победата, се наведува во соопштението на Министерството за финансии.

Прочитајте и:  Џо Роган: Бајден и Зеленски сакаат светска војна, Кличко му одговори - тоа е руска пропаганда

Во соопштението се посочува дека предложените измени се „најмеката можна опција“ за финансирање дополнителни воени потреби, а зголемувањето на даноците ќе покрие само една третина.

Украина продолжува повеќе да вложува во одбраната, се спроведува нов план за мобилизација, а и тројно се зголемува изградбата на сопствена индустрија за производство на оружје.

Од зголемените даноци се предвидува дека ќе бидат собрани 140 милијарди гривни дополнителни приходи.

Министерството за финансии, исто така, планира да собере околу 362 милијарди гривни врз основа на напорите за намалување на сивата економија и со задолжување на домашниот пазар.

- Реклама -