Лесните вежби пред спиење го продолжуваат и подобруваат сонот

 Ново истражување посочува дека кратките периодични вечерни активности, во облик на лесни вежби, би можеле да го продолжат спиењето за 30 минути.

Вежбите како што се полесни чучнувања („сквотови“) и подигање на телото може да резултираат со подобар сон и потенцијално да ја намалат можноста за дијабетес и срцеви заболувања кај постарите возрасни лица, покажува истражувањето. И претходни испитувања прикажаа дека продолженото седење буден навечер и недоволното спиење се поврзани со зголемена опасност од најчестите заболувања коишто може да значат и смрт.

Околу 30 учесници во новото истражување имаа за задача: едната група – да прават четиричасовни вечерни „сесии“ со продолжено седење и втората група – седење со триминутни вежби на секои половина час.

Вежбите вклучуваа чучнувања, тежина врз листовите и колената, стоечки вежби итн. Одговорната за испитувањето, Мередит Педи изјави дека овие едноставни вежби се избрани затоа што не бараат никаква опрема, ниту многу простор, а може да се прават и при гледање ТВ. Така, истражувањата откриле дека кај испитаниците кои правеле вежби, се јавува одликата на 30 минути подолго спиење и се посочува дека сличен позитивен ефект се добива и од „марширање во место“ или едноставно одење низ куќата…

– Па, дури и малку танцување може да помогне во таа насока. Најважно е редовно да станувате од столот и да го движите телото, советува д-р Педи.

Сепак, не се препорачуваат интензивни физички вежби пред спиење. Тоа ја зголемува телесната температура и отчукувањата на срцето, што води кон лош сон.

- Реклама -