Си-Ен-Ен: Повеќе од 20 парчиња оружје регистрирани на името на таткото на напаѓачот на Трамп

Повеќе од 20 парчиња отужје се регистрирани на таткото на Томас Метју Крукс, напаѓачот кој пукаше во поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Сето тоа оружје било легално купено, изјави извор од полицијата за Си-Ен-Ен. Кога истражителите го пребарале телото на напаѓачот, пронашле предавател, рече еден извор.

При претресот на автомобилот на напаѓачот била откриена слушалка со жици кои влегувале во метална кутија, во која имало направа за која се верува дека е експлозивна направа, во багажникот на неговиот автомобил.

Една теорија што иследниците ја разгледуваат е дали убиецот имал намера да активира експлозив во својот автомобил како тактика да го одвлече вниманието на безбедносниот персонал од позицијата во која се наоѓал Крукс и во насока на експлозијата, изјавија извори за Си-Ен-Ен.

Прочитајте и:  Мерц ја повикува Европа да му покаже заби на Трамп

Тие додадоа дека фактот што бил забележан од граѓани и соочен со локален полицаец можеби го поттикнало Крукс да го забрза својот план и да не користи евентуална експлозивна направа како средство за одвлекување на вниманието.

- Реклама -