Јермак: Украина е задоволна од резултатите од Самитот на НАТО, следен чекор е покана за членство

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак денеска изрази задоволство од резултатите од Самитот на НАТО во Вашингтон и порача дека следна станица треба да биде поканата на Украина за членство во Алијансата.

„Можам да кажам дека сме задоволни од резултатите на самитот во Вашингтон, бидејќи јазикот на документите е навистина силен и мислам дека следната станица за Украина треба да биде покана за членство“, нагласи Јермак, за време на јавен форум на НАТО на маргините на Самитот на Алијансата, јавува дописникот на Укринформ.

Тој укажа на единството на сојузниците во однос на неповратноста на патот на Украина кон полноправно членство во НАТО, а исто така истакна дека на Украина ќе и бидат испорачани нови системи за противвоздушна одбрана.

Прочитајте и:  Полска компанија илегално испорачала стотици илјади парчиња швајцарска муниција во Украина
- Реклама -