Сериозна журка на Оревче

Во сабота на плажа Оревче ќе се одржува уникатен настан на кој што ќе можат сите посетители да ја доживеат светската фестивалска сцена спакувана во еднодневен хепенинг.

Почнувајќи со жива свирка на „Стар Чајлд“ во состав на Огнен Зафировски – еден од најреномираните електронски артисти од Македонија познат на светската сцена како „Јудиштира“ и Александар Бошков – кој тукушто доби награда за најдобар млад Џез гитарист и Ади Имери врвен гитарист познат по своите соработки со бендовите како „Некст ту сајленс“, „Фулиш Грин“ и „Пич вајс“. Потоа следуваат диџеј настапи на А.Б, самиот Бошков со музичка селекција за загревање на денс подиумот кој што ќе го доживее својот климакс со сетовите на дј Шев и диџејот од локалната сцена дј Меланж, а како за крај ќе имаме можност да го слушаме Јудиштира, кој покрај својата ангажираност на светските фестивали секогаш наоѓа можност да настапува во Охрид, за кој вели дека му е омиленото место и голема инспирација за својата музика.

Забавата започнува во 19 часот, а ќе трае до 03 наутро.

https://www.facebook.com/PlazaOrevce?mibextid=kFxxJD

- Реклама -