Рјабков: Русија воено ќе одговори на разместувањето американски проектили од долг дострел во Германија

Русија ќе подготви воен одговор на планираното распоредување американски ракети со долг дострел во Германија, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, пренесе Хина.

САД и Германија вчера заедно објавија дека во 2026 година ќе започнат со распоредување на ракети со долг дострел во Германија како знак на посветеноста на НАТО и европската одбрана.

Според соопштението, Германија ќе распореди оружје што вклучува крстосувачки ракети СМ-6 Томахавк и хиперсонично оружје што има поголем дострел од сегашните можности во Европа.

Рјабков американскиот потег го нарече ескалација на тензиите со цел да се заплаши Русија.

-Со ладни глави, без емоции, прво ќе подготвиме воен одговор за оваа нова игра, рече тој, пренесен од руските медиуми.

Прочитајте и:  Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Претседателот Владимир Путин минатиот месец соопшти дека Русија ќе го рестартира производството на ракети со краток и долг дострел способни да носат нуклеарни боеви глави, а потоа, откако САД распоредија слично оружје во Европа и Азија, ќе размислат каде би можеле да бидат распоредени.

- Реклама -