Кремљ: Создавањето тампон зона во регионот на Харков бара време

Русија соопшти дека нејзината војска се уште работи на создавање „тампон зона“ во украинската област Харков, но за тоа ќе биде потребно време.

Рускиот претседател Владимир Путин во мај рече дека Русија создава тампон зона за да ги заштити своите погранични региони, особено Белгородската област, која граничи со Харковската област, од украински напади.

„Се разбира, за спроведување на оваа задача е потребно време. Работата во оваа насока е во тек“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за новинарите на прашањето колку време ќе и треба на Русија да ја гарантира безбедноста на Белгородската област.

Прочитајте и:  Пентагон: Нема знаци на присуство на севернокорејски војници во Украина
- Реклама -