Никола Кимовски назначен за в.д. директор на Македонскиот народен театар

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, за в.д. директор на Националната установа Македонски народен театар денеска го назначи Никола Кимовски, на местото на Симона Угриновска која поднела оставка од директорската позиција, соопштија од МНТ.

-Согласно решението од Министерството за култура на Република Северна Македонија од 10 јули, а потпишано од страна на министерот за култура Зоран Љутков, за в.д директор на РСМ НУ Македонски народен театар е назначен Никола Кимовски. Имено, Симона Угриновска поднесе оставка од функцијата директор на РСМ МНТ, која ја извршуваше од 2018 година, информираа од Македонскиот народен театар.

- Реклама -