Влатко Стефановски на Охридско лето

На 26 јули во 21 часот во Античкиот театар во Охрид, во склоп на Охридско лето, целовечерен концерт ќе има Влатко Стефановски.

Гости на концертот се Дамир Имери, Иван Кукиќ, Јан Стефановски и Горан Папаз.

Годинава Стефановски прославува јубилеј – 50 години успешна кариера. Јубилејот ќе го одбележи  на 16 декември во Сава центар во Белград со гала концерт придружуван од неговите пријатели.

- Реклама -