Во Кина беше претставена најновата генерација на електрични батерии кои овозможуваат натпросечна издржливост, времетраење и брзо полнење. Оваа иновација доаѓа од компанијата „Geely Auto Group“, а на сите тестови батеријата покажа исклучителни резултати.
Новата батерија ја носи ознаката LFP, што значи литиум-железо-фосфат, а целата тајна е скриена во нејзината конструкција. Батеријата ќе може да се полни до 3.500 пати, што е еквивалентно на приближно еден милион километри.
Кинеската компанија рече дека нејзината батерија LFP ветува значителни придобивки за пазарот на користени електрични автомобили, бидејќи електричните возила можат да одржуваат перформанси преку 600.000 милји со минимална загуба на капацитет. Врз основа на просечно семејно возење од 20.000 километри годишно, новата технологија за батерии EV може да се користи до 50 години, што значително го продолжува животниот век на батеријата. Толку долго траење на батеријата се постигнува благодарение на тоа што има намалена стапка на внатрешни хемиски реакции.
Оваа батерија се полни од 10 до 80 проценти за само 17 минути и 4 секунди. На амбиентални температури од -30oC, стапката на задржување на капацитетот на другите батерии во просек падна на 78,96 отсто, додека новата технологија за батерии Short Blade EV задржа 90,54 отсто од својот капацитет. Батеријата има густина на енергија од 192 Wh/kg.
Кинеските медиуми пишуваат дека батеријата е за 40 отсто пократка од другите, со должина од 580 милиметри во однос на стандардните, кои се 960 милиметри.
Презентирајќи ги безбедносните тестови, компанијата дури испукала куршум од 5,8 мм во батеријата и таа не се запалила, била потопена во морска вода, фрлена во оган, па дури и прегазена од валјак од 26 тони, а поминала и тест за пенетрација на ноктите, кој долго време е заштитен знак на производителот „BYD“.