На 10 Јули, со почеток во 20:30 часот, на Терасата на Хотел Аполонија во Гевгелија, ќе се одржи 20та по ред Аполонија Ликовна Колонија. Овој е еден значаен јубилеј бидејќи годинава, Аполонија Казино ја слави својата 40 годишнина како дел од заедницата во Гевгелија.
На изложбата учество ќе земат уметниците Ниче Василев, Гоце Божурски, Драги Хаџи-Николов, Мирјана Крстева –Массетти, Бојан Савиќ, Ѓорѓе Станиќ, Иван Кузмановски, Ифигенија Васдари, Зивер Каплан, како и гостинката Оливера Аџиќ и фотографот и добар пријател на фондацијата Рајко Р. Каришиќ која секоја година го овековечува преку фотографија процесот на работење на уметниците, како и атмосферата на самата изложба.