Оваа година за прв пат во фокус на програмата на Cinedays Festival од 11 до 17 јули, се кратките остварувања на големиот европски режисер Вим Вендерс.
Same Player Shoots Again (1968)- Серија од пет снимки, секоја со различен третман на боја, каде што човек трча со митралез во рацете. На почетокот се движи брзо, но како што се ближи крајот, почнува да оди во цик-цак. Дали е повреден?
Silver City Revisited (1969)-Серија од десет снимки, во должина од три минути, на различни места во Минхен.
Room 666 (1982)- а време на 35. Кански филмски фестивал во 1982 година, Вим Вендерс поканил петнаесет колеги да разговараат за иднината на кинематографијата. Собата бр. 666 во хотелот „Мартинез“. Внатре камера, магнетофон и ливче со прашање: Дали филмот е јазик што е во опасност да исчезне, уметност што умира? Секој од нив бил сам во собата и имал единаесетина минути да одговори на прашањето.
Reverse Angle: Ein Brief aus New York (1982)-Носталгично сведоштво на Вим Вендерс за проблемите со кои се соочил додека работел на филмот „Хамет“ (1982) со Френсис Форд Копола и разликите меѓу процесот на снимање филмови во Европа и САД.
Оваа програма на екстремно ретки кратки филмови на Вендерс прикажува нов талент, кој веќе е исполнет со теми и расположенија што би одекнувале низ кариерата. Фасцинација од американската култура, сеприсутноста на поп музиката и окото за незадоволството од современиот живот во повоена Западна Германија: тука е Вендерс на неговите почетоци.