Вечер на македонска музика во Брајчино посветена на Мирко Попов

На 12 јули во Брајчино ќе се одржи Вечер на македонска музика посветена на Мирко Попов кој минатата година беше иницијатор на оваа сесија која сѐ уште се памети.

„Мирко, не е веќе меѓу нас…🖤 но споменот на нашето пријателство и на таа прва вечер на македонски шлагери, нема да се заборави. Да ја славиме македонскат музика во негово име, во негов спомен и сеќавање…„ велат организаторите.

Настанот е во склоп на MEET PRESPA, традиционалниот летен фестивал кој ги обединува жителите од трите држави кои ги делат водите на Преспанското Езеро обединети за иднината на Преспа како регион на Европа кој е толку посебен и толку значаен.

ЗАПОЗНАЈ ЈА ПРЕСПА е фестивал кофинансиран од ЕУ кој се оржува под мотото запознај го триаголникот на овој дел од светот преку музика, гастрономија и животот на локалното население обединето заедно за европска перспектива на регионот.

- Реклама -