Поради ВИ технологија, Гугл има 48 отсто повеќе емисии на стакленички гасови

Нов извештај на Гугл покажа дека вкупните емисии на стакленички гасови на технолошката компанија во 2023 година се зголемиле за 48 отсто во споредба со 2019 година. Според извештајот, оваа разлика воглавно се должи на користењето на технологија која користи вештачка интелигенција (ВИ), пренесува Би-би-си.

Емисиите доаѓаат од податочните центри на компанијата, кои претставуваат мрежа на компјутерски сервери. За развивањето на ВИ моделите е потребно процесирање на обемно количество на податоци.

Програма како ChatGPT може да користи околу 33 пати повеќе енергија од „обична“ програма.

Целта на Гугл е да има нето нула емисии до 2030 година, но компанијата признава дека како што таа ја интегрира ВИ во своите производи, „намалувањето на емисиите може да биде предизвик“.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Дополнително, извештајот на Гугл покажува дека изворот на електрична енергија се разликува меѓу податочните центри. Имено, повеќето од центрите во Европа и Америка користат енергија која не го загадува воздухот со јаглерод диоксид при нејзиното производство. Центрите за податоци на Блискиот Исток, Азија и Австралија, пак, многу помалку користат зелена енергија.

Извор: meta.mk

- Реклама -