Дефанзивецот на Португалија, Нуно Мендеш ја истакна решителноста на сите негови соиграчи да дадат максимум во обидот Кристијано Роналдо да го подигне трофејот на неговото последно Европско првенство.
-Ова е неговото последно евро и ќе направиме сѐ за да му го подариме трофејот, изјави Мендеш за „A Bola“.
Роналдо по победата над Словенија (0:0, пенкало – 3:0) во осминафиналето на Евро 2024, изјави дека овој континентален турнир ќе му биде последен.
Во четвртфиналето на ЕП Португалија ќе се сретне со Франција. Натпреварот ќе се одигра на 5 јули со почеток во 21 часот.