Неколку израелски заложници се обиделе да си го одземат животот, тврди вооруженото крило на „Исламски џихад”

Вооруженото крило на палестинското движење „Исламски џихад“ – Бригадите „Ал Кудс”, денеска соопшти дека неколку израелски заложници се обиделе да си го одземат животот откако Палестинците започнале да ги третираат на ист начин како што Израел ги третира палестинските затвореници.

– Неколку затвореници од непријателскиот камп се обидоа да се самоубијат поради исклучителната истоштеност што ја чувствуваат поради игнорирањето на нивната состојба од страна на нивната влада“, напиша во објава на Телеграм, портпаролот на Бригадите „Ал Кудс“ – Абу Хамза. „Ќе продолжиме да се однесуваме кон израелските заложници на ист начин како што Израел се однесува кон нашите затвореници“, додаде тој.

Палестинската воена групација не прецизираше какви мерки презела против израелските заложници.

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху

Напорите на арапските посредници, поддржани од САД, не успеаја да доведат до примирје во Појасот Газа.

Хамас инсистира дека секој договор мора да има за цел да се стави крај на војната и да доведе до целосно повлекување на израелските сили од Газа, додека Израел изјави дека ќе прифати само привремен прекин на борбите се додека Хамас, кој управува со Газа од 2007 година, не биде целосно елиминиран.

Се очекува евентуалниот договор да предвиди и ослободување на израелските заложници во Газа во замена за ослободување на Палестинци кои се наоѓаат во израелски затвори.

- Реклама -