Студентскиот филм „Тага“ во режија на Тина Величковиќ освои уште една награда на филмскиот фестивал во Рамно Село.
“Филмот „Тага“ на режисерката и сценарист Тина Величковиќ, носи приказна за општеството и времето во кое живееме. За општество во кое не постои емпатија и време во кое комуникацијата меѓу луѓето е услужна, а не човечка. Вешто спроведена приказна, која преку главниот лик кој се бори со последиците од трагедијата што му се случила, врши своевидно сондирање и вивисекција на општеството на многу зрел начин. Ракописот и силниот авторски печат го издвојуваат овој филм од конкуренцијата и затоа наградата за најдобар студентски филм ја доделуваме на Тина Величковиќ додека со нетрпение ги очекуваме нејзините идни проекти“ се вели во соопштението на фестивалот.
Директор на фотографија е Димитар Атанасоски, а играат Филип Трајковиќ, Ивица Димитријевиќ, Стефан Николовски, Филип Христовски, Ања Митиќ и Александар Митиќ.