Владата одлучи – ќе се враќа оградата околу владината зграда

Владата денеска на седница ја задолжи Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) да почне постапка за враќање на оградата на владината зграда, која веќе еднаш беше поставена.

-Со оглед на тоа што досега објектот на Владата е опркужен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на МВР, Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи СОЗР да започне постапка за враќање на оградата на Владата која веќе еднаш беше поставена, се вели во владиното соопштение.

Истовремено, како што потенцираат од Владата, директорот на СОЗР Ивица Томовски информирал оти оградата била несоодветно чувана под надворешни влијанија во објектот на касарната Илинден, за што ќе направат и дополнителна проценка.

Прочитајте и:  Митева: Најавеното покачување во образованието се реализира, октомвриската плата е зголемена за 5%, продолжува растот на платите до минимум 46%
- Реклама -