Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нивните ракети „Искендер –М“ уништиле пет украински борбени авиони СУ-27 и оштетило уште два на аеродромот Мирхород, во Полтавската област во Украина.
Министерството објави и видео од нападот, на кое се гледа како чад и оган се креваат од украинскиот аеродром.
„Како резултат на рускиот напад, уништени се пет активни повеќенаменски борбени авиони СУ-27, а два се оштетени“, соопшти Министерството.
Русија ги гаѓа украинските аеродроми токму во моментот кога Киев се подготвува да го прими првиот американски авион Ф-16 кој Москва вети дека ќе го уништи.