Проекција на филмот „Екзитус“ (1989) на Красимир Крумов во КПЦ Јадро

Во петок на 5 јули во 18:30 часот, во КПЦ Јадро, Kontrapunkt во рамки на 9-тото издание на КРИК – фестивал за критичка култура насловено „Желбени машини – уметноста како (р)еволуција“, најавува проекција на филмот „Екзитус“ (1989) на Красимир Крумов и предавањето на бугарскиот филозоф и теоретичар Станимир Панајотов.

Во 1989 година, режисерот Красимир Крумов (1955-2015) го издал својот прв долгометражен филм „Екзитус“, адаптирајќи ја епоничната новела на Златомир Златанов како критика на застојот на доцното социјалистичко бугарско општество. Истата таа година перестројката ја променува земјата засекогаш, и иако без да биде запознаен со тоа, тој успешно ја прикажува филозофската и будистичка проза на Златанов, која влијаела на неговиот прв роман „Удавените“, објавен во 1989 година, одразувајќи естетски и идеолошки протест против задушливата атмосфера на пропаднатиот комунистички проект. Дотолку помалку очекувано, набргу по промените, „Егзитус“ прераснува во трансидеолошко дело, кое истотака, го дијагностицира преминот кон либералниот капитализам и неговите последици.

Предавањето на Станимир Панајотов ќе се фокусира и ќе ја претстави филозофската позадина на Златанов во „Егзитус“ и нејзината поставеност во истоимениот филм; иако накратко ќе представи како Крумов ги интегрира и литературата и филозофијата во неговото кино, и специфичното вооружување на источната филозофија за време на доцниот социјализам. Предавањето, исто така, ќе се фокусира на улогата на 1990-тите и раниот неолиберализам како и дефинирањето на подоцнежните филозофски дела на Крумов – неговата филозофска проза во „Непознати патишта“, том I и II (2002, 2004) и „Новиот конформизам“ (2015). Крумов ја претставува кинематографијата водена од филозофија, единствена за источно-европската естетика со нејзиниот речиси непосреден одговор на неолиберализмот, рефлектирана и во неговите филмови од 1990-тите и во неговите дела од 2000-тите години. Наследството на Крумов треба да се сфати како осамена и неочекувана критика на доцниот социјализам и раниот капитализам, речиси целосна туѓа и во бугарската, и во источноевропската реалност на раните 1990-ти години, критика која останува трансидеолошка, и взаемно напуштена.

Прочитајте и:  Македонскиот краткометражен филм „Сценариото“ на Александра Кардалевска ги освои светските филмски фестивали
- Реклама -