Германски музеј ги спои уметноста и фудбалот за време на Европското првенство

Кога ќе се спомнат фудбалот и уметноста во една реченица, многумина ќе помислат на фудбалски вештини на одреден фудбалер или фотографии направени по тешко издвојувана победа или болен пораз. Малку луѓе би помислиле на Салвадор Дали, Банкси, а уште помалку на Микеланџело или некој друг ренесансен уметник.

Сепак, уметничката инсталација во Германскиот музеј за фудбал во Дортмунд има цел да ги спои љубителите на фудбалот и љубителите на уметноста и да ги покаже сличностите на уметноста и убавата игра.

„Во движење: Уметност и фудбал“ е името на уметничката инсталација, која се поклпува со Европското фудбалско првенство што се одржува во Германија. Во инсталацијата се прикажани преку 200 уметнички дела од сите 24 држави кои учествуваат на првенството.

Изложбата го прикажува патот на спортот од почетокот на 20 век до денес и прикажува дел од најголемите фудбалски ѕвезди. Директорот на музејот, Мануел Нојкирхнер, објасни дека „фудбалот е општествен феномен“, кој е важен медиум за уметничко изразување.

Прочитајте и:  Германија прави попис на бункери и засолништа во случај на руски напад, ги охрабрува и граѓаните да си направат и свои

Во помодерните дела на изложбата, Роналдо е прикажан како бог во „Создавањето на Адам“ на Микеланџело, додека Кантона е направен по моделот на сликата на воскресението на Исус од ренесансната ера – уметничко дело кое е сопственост на самиот Кантона.

Нојкирхнер рече дека играчите како Кантона, поранешните великани како Јохан Кројф и Пеле во поиндивидуалистичката ера на играта, ја канализираа уметноста на теренот.

Иако сега изгледа дека има помалку простор за индивидуалност во елитниот фудбал, Нојкирхнер вели дека играчите во сегашната екипа на Германија како Џамал ​​Мусиала и Флоријан Виртц покажале послободоумен пристап.

„Ова е исто така можност каде уметноста во оваа смисла може позитивно да влијае на фудбалот“, додаде тој.

Изложбата, која ќе трае до јануари, е еден од неколкуте уметнички проекти за време на Европското првенство што го води музејот, на кој се прикажани дресови што ги носеле Марадона и Франц Бекенбауер, заедно со побизарни предмети како пепелта на познатиот фудбалски „пророк“ – октоподот Пол.

Извор: Ројтерс

- Реклама -