Николоски – Агелер: Зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката со САД како наш најзначаен партнер и поддржувач

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Амбасадорката на САД, Анџела Агелер на која разговарале за реформските процеси и стратешките приорити на Владата и на Министерството за транспорт.

Како што соопштија од Министерството, Николоски ја истакнал огромната важност за навремена реализација на капитални проекти, со посебен акцент на регионалното поврзување и интеграција.

Тој изразил уверување дека предвидените проекти од владината програма ќе ги реализира заради забрзан економски раст и развој на инфраструктурата во државата.

-На средбата министерот Николоски ја потенцира стратешката определба која е во насока на зајакнување на билатералната соработка меѓу двете земји. САД се наш најзначаен партнер и поддржувач. На средбата се нагласи и поддршката на САД во делот на размена на искуства и знаење во областа на капитални инвестиции и инфраструктурни решенија. Двајцата се согласија за зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката, стои во соопштението.

Прочитајте и:  Николоски: Францускиот претседател е неспорно лидер на Европа, средбата говори и за личниот авторитет на премиерот
- Реклама -