МААЕ: Уништена станица за следење на радијацијата во близина на нуклеарната централа „Запорожје“

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси изјави дека неделава во гранатирање и пожар е уништена надворешната станица за мониторинг на радијацијата, на 16 километри од нуклеарната централа Запорожје.

Гроси истакна дека ова дополнително ја намалува ефективноста на способноста за откривање и мерење на секое радиоактивно ослободување за време на вонредни ситуации, наведе МААЕ на својата интернет страница.

Забележано е дека од почетокот на 2022 година, неколку станици за следење на радијацијата во 30-километарската зона околу нуклеарната централа Запорожжја беа надвор од функција во различни периоди поради оштетување од гранатирање.

Во моментов работат четири од 14 станици.

Гроси претходно изјави дека сите седум принципи, таканаречените столбови на нуклеарната безбедност, биле делумно или целосно прекршени во нуклеарната централа Запорожје.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг
- Реклама -