Димитриевски: ЗНАМ во Владата ќе биде гарантот дека во државата нема да се случуваат нешта како порано

Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово и лидер на на Движење ЗНАМ – За наша Македонија беше гостин во емисијата Дејли клик на ТВ 21. Запрашан зошто останал градоначалник, а не прифатил министерско место, особено министер за одбрана, Димитриевски одговори:

„Мислам дека  јавноста ги меша, особено новинарската фела, тие работи во тоа дека јас сум претендирал на тоа министерство. Тоа е всушност, некој заклучил дека своевремено ја водев Комисијата за одбрана и безбедност во 2016 година во парламентот, па го врзал со минситерското место. Факт е дека ја уважувам и почитувам армијата и полицијата до максимум. Но, во овој случај јас како кандидат се борев за првата  функција во државата, тоа е претседател на државата. Иако добив огромна поддршка од граѓаните како кандидат на една нова политичка партија, сепак актуелната претседателка Силјановска има огромен легитимитет, бидејќи  убедливо победи на овие избори и јас ја почитувам одлуката на граѓаните со тие освоени 86 илјади гласови. Аплицирав или излегов да се борам за тоа место. Моето место е, барем морално и етички да си ја завршам својата обврска пред кумановчани до крај на мандатот. Што се однесува до власта
никогаш не сум се борел во политиката од аспект на желба за добивање на позиција, туку за добивање на можност да се покаже резултат. Јас добив доверба од кумановчани, во целост ќе ја оправдам таа доверба со реализација на  ветеното пред две и пол години. Има уште една и пол година од мандатот. А потоа ќе видиме какви ќе бидат трендовите“.

Што ќе добие ЗНАМ како дел  од извршната власт покрај министерските места и потпреседател на Собранието и претседател на комисијата за одбрана и безбедност?

Да го прокоментирам еве можеби и прв пат изборниот резултат.  Јас освоив три и пол пати повеќе гласови или добив поддршка од три и пол пати повеќе гаѓани во однос на претходните локални избори и тоа е мојот максимален резултат. Претходно околу 26 илјади гласа, сега нешто околу 86 илјади гласа и  сум благодарен на секој гласач кој ја дал својата поддршка на мене, а сум благодарен и на оние гласачи што излегле  да гласаат. Ќе се обидам  во иднина да се стекнам и со нивната доверба. Што се однесува до новата политичка партија ЗНАМ, којашто освои повеќе од 12, па дури и 14 пати гласови отколку што имаше членови. Значи  ЗНАМ тргна од нула и имаше
околу 56 илјади гласа, партија којашто можеби има три четири месеци искуство партиско, со неформирани општински организации на територија на цела држава и тој резултат за нас како за старт е одличен. Одличен старт. Ќе продолжиме во континуитет првично транспарентно, потоа конструктивно, чесно и достоинствено  да работиме во интерес на граѓаните, да ги штитиме интересите, не само на нашите граѓани  и гласачи, туку првенствено интересите на Македонија и да се движиме  на политичкиот пат во понатамошнито развој“.

Во однос на влезот во владата Димитриевски нагласи дека првенствено се разговарало за изнаоѓање на решение на политичките разлики во дел на идеолошките  определби. Тој рече дека упатиле свои барања и усогласиле протокол за влада со ВМРО ДПМНЕ со основните принципи коишто ги најавиле во делот на предизборниот период.

„Никакво учество на ДУИ во власта, до негова целосна реформа, внатреша реформа како политички субјект. Дополнително гласање  на уставните измени и амандаманите и нивна одложена применливост по полноправно членство на Македонија во Европската унија и борба против криминалот и корупцијата. Дополнително рамномерен и одржлив еконосмки раст  и развој и самоодржливост на Македонија. И тоа го гледаме веќе на првиот проект кој беше најавен, во делот на ветропаркот којшто јас  лично, а и ЗНАМ, како партија го поддржуваме иако не е наша домашна инвестиција“.

Запрашан што доколку не се успее да се промени преговарачката рамка и како тоа ќе се одрази на уставните измени, Димитриевски рече:

„Други беа околностите до пред овие избори. Други се околностите денеска. Ако забележите и односот на меѓународната заедница е делумно променет кон актуелната власт. Зошто, затоа што за прв пат вие во долг временски период имате еден историски момент, каде што на маса во иста влада, метафорично кажано од многу ваши колеги, ви седат  потомци на комити и потомци на партизани. Што значи првенствено  Македонците се многу пообединети. Кога се Македонците обединети во очите на меѓународниот фактор, нештата се случуваат поинаку. Веќе вие немате огромен простор, како во минатото,  некој да ви врши континуиран притисок и од внатре, а  и од надвор. Се знае како се врши притисокот од внатре, преку останатите политички  репрезенти, а од надвор директно со една дипломатска кампања. И јас тоа го чувствувам првенствено како лидер на политичка партија којашто е нова, а дополнтелно и како градоначалник на најголемата општина во државата.
Сметам дека ние треба да останеме на нашите ставови коишто беа и во предизборниот период  и да продолжиме да работиме да си ги средиме нештата во сопствената куќа. А евроинтегративниот пат да продолжи во континуитет, со создавање на нови пријателства појаки врски во меѓународниот фактор, бидејќи на крајот на денот, како што реков, иако ова прашање ќе се решава на релација Скопје-Софија, сепак ќе се решава под посредништво на нашите партнери надвор. Мислам на Македонија не само што и требаат олеснувачи, ние имавме мнгу олеснувачи во многу процеси кадешто многу неславно завршивме како држава и прифативме многу  меѓународни договори на наша штета, на нас ни треба квалитетен тим на луѓе коишто ќе ги застапуваат нашите  национални и државни интереси на таа маса кадешто истите тие национални и државни интереси претходно взаемно ќе бидат усогласени од страна на владеачкото мнозинство. Затоа многупати велам и барам разбирање од нашите сограѓани Албанци, бидејќи се работи за суштинска измена на уставот која задира во македонското
национално ткиво“.

Прочитајте и:  Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на Апасиев

Димитриевски нагласи дека Македонија во моментов покрај членството во ЕУ има неколку национални приоритети.

„И тука сме усогласени ние во владата. Првиот приоритет е да направиме услови да се создаде систем, систем на вредности. Државата да стане функционална за сите граѓани, а не само за оние во власта. Системот на врски да се искорени. Допполнително  да се создаде ниво на
самоодржливост на Македонија. Да се произведе доволно енергија од сопствени ресурси, доволно храна, да се намали увозот на храната, да не создаваме дефицит по таа основа. Вистинската земја да им се даде за обработка на вистинските земјоделци, да не осатане кај
големопоседниците, а вистинскиот земјоделец од година во година ќе преживува и не може да опстане. И на крајот на денот сето тоа да се
систематизира за да се создаде таа самоодржлива држава. Паралелно да имаме владеење на право, во суштинска смисла на зоборот правна држава, закон и правда еднакво за сите. Да нема основ за самоамнестија или политичка амнестија, како што имаше до сега“.

Тој додаде дека можеби една од основните причини да го побараат ресорот за правда е токму тоа, измените на Кривичниот закон, бидејќи сакаат директно како политички субјект да дадат придонес во делот на функционалноста на правната држава, како и  усогласување на одредени законодавни решенија.

„Дополнително, измена на ваквите  селективни наменски закони коишто  се во функција на политичката елита, којашто беше до 2016 година и на оваа којашто  веќе се замина. За жал истите коишто ќе одговараат од претходната власт за злоупотреби по член 353  од казнениот закон, по прв, втор, трет или четврти став, не е битно, значи ќе одговараат со тие минимални предвидени казни. Ние дури предвидуваме,  тука и удвостручување на казните по веќе постечкиот стар закон. Ние ќе предложиме час поскоро во прва фаза да се врати стариот, а доколку е можно и овој постоечкиот којшто е во процедура во Министерството за правда  да биде отворен пред јавноста, да го даде јавноста своето мислење и да го внесеме во собраниска процедура“.

Димитриевски нагласи дека со појавувањето на ЗНАМ на политичката сцена, иако со само шест пратеници, граѓаните испратиле  јасна порака дека  црно сивиот свет сакаат да го обојат и со поинакви бои.

„Ние сме тука, рече тој, ние сме  тие коишто ќе бидеме стожерот на граѓаните и ќе  им гарантираме  дека никогаш повеќе во државата нема да се случуваат такви исти работи“.

- Реклама -