Столтенберг: Вашингтон ќе остане цврст сојузник на НАТО

Очекувам САД да останат цврст сојузник без оглед на исходот од американските избори, бидејќи во интерес на САД е да останат цврст сојузник што се однесува до нивната безбедност, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Што се однесува до критиките на Трамп за Алијансата, Столтенберг посочи дека тие не се насочени кон НАТО, туку кон оние сојузници на НАТО кои не плаќаат доволно за нивната одбрана.

– Ние сме во подобра позиција да покажеме дека САД не го носат сами товарот на одбраната, истакна Столтенберг

Можното враќање во Белата куќа на Трамп, кој беше многу критичен кон НАТО, дури и тврдеше дека е застарена организација, ги загрижува Брисел и поголемиот број европски метрополи.

Прочитајте и:  Џо Роган: Бајден и Зеленски сакаат светска војна, Кличко му одговори - тоа е руска пропаганда

– Нема гаранции во политиката, но очекувам САД да останат цврст сојузник, нагласи Столтенберг.

- Реклама -