Борел: Одржувањето врски со Путин е некомпатибилно со заедничката европска иднина

Одржувањето односи со рускиот претседател Владимир Путин е некомпатибилно со заедничката европска иднина, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на прес-конференција по состанокот на европските министри за надворешни работи во Луксембург. Тој оваа забелешка ја даде по генералниот состанок со претставниците на земјите од Западен Балкан, кои очекуваат влез во Европската унија.

Борел додаде дека ЕУ е подготвена да ја прошири својата поддршка во регионот и очекува овие земји да ги следат европските одлуки во областа на одбраната и надворешната политика, во однос на Украина и санкциите против Русија. Во одговор на прашање, тој истакна дека Србија се уште не го исполнува претпристапниот услов за спроведување на европските надворешнополитички одлуки.

Прочитајте и:  Германија прави попис на бункери и засолништа во случај на руски напад, ги охрабрува и граѓаните да си направат и свои

Преговорите со Украина и Молдавија почнуваат утре, истакна високиот претставник.

- Реклама -