Скопје Синема Сити е филмски фестивал на музички документарни филмови. Оваа година, фестивалот слави 10 години и програмата е поделена во два дела: изложба на фотографии и проекции.
Програмата почнува со изложбата The Vlatko Stefanovski Experience Photo Exhibition во Мала Станица на 26 јуни. Отворањето е во 21 часот.
Проекциите во Кинотека на Северна Македонија односно во киното Мирно лето (open air) ќе се одржат од 1 до 4 јули. Автори се: Stefan Rajhl, Angel Bigbrother, Ognen Acevski, Nemanja Đorđević, Vladimir Mande Mandicevski и Филиповски Тошо
Фестивалот ќе се отвори на први јули со филмот „Carlos“ за Карлос Сантана на режисерот Руди Валдес.
Земја во фокус за оваа година е Полска. Артист во фокус за оваа година е полскиот филмски композитор Збигњев Прајснер кому му ја доделивме наградата за животно дело. Фестивалот ќе прикаже дел од опусот на полскиот режисер Грегор Брзозович. Тој и ќе биде гостин на фестивалот.
Последната вечер е посветена на македонскиот филм. Авторите на филмовите Vasil Mihail и Blagojce Trajkovski се и автори на книги, така што ќе имаме и две промоции на книги покрај проекциите.
Во врска со картите, соработуваме со Кинотека која ги продава на денот на проекцијата по принципот, прв дојден, прв услужен.
Skopje Cinema City – International Music Documentary Film Festival