Претставата „Демони“ од Фјофор Достоевски, во режија на Дејан Пројковски беше прогласена за најдобра претстава на сезоната откако беше претставена во Националниот театар во Дебрецен, Унгарија. Специјалната награда ја додели директорот на театарот, Mátyássy Szabolcs на свечена церемонија што се одржа на 20 јуни.