308
Сите знаеме како алкохолот влијае на нас и дека не е добро да се претера, а за оние кои понекогаш ќе испијат уште неколку чаши, решението би можело да биде гел за јадење кој го измислиле швајцарските научници за да го ублажи дејството на алкохолот врз нашиот организам.
Имено, кога пиеме алкохолни пијалоци, алкохолот се апсорбира од гастроинтестиналниот тракт директно во крвотокот, а тоа ги натерало научниците од Техничкиот универзитет во Цирих да истражат методи за ублажување на овој процес. И дошле до одлична идеја да создадат гел за јадење со варење на протеинот од сурутка неколку часа.
Јадлив протеински гел од сурутка
Whey или протеинот од сурутка е инаку познат меѓу спортистите како протеински прав, од кој обично прават шејкови за појадок, а овие научници ги испреплетувале влакната од протеинот од сурутка со молекули на железо и злато. Резултатот е гел за јадење кој, кога се консумира, би го иницирал метаболизмот на алкохолот во цревата пред алкохолот да стигне до крвотокот.
За да ја тестираат својата хипотеза, научниците прво ги опијаниле глувците, а потоа ги нахраниле со гелот. Гелот мораше брзо да влезе во дигестивниот тракт на глувците, додека алкохолот сè уште беше таму, бидејќи гелот не може да влезе во крвотокот и дури потоа да го запре алкохолот – тогаш ќе биде предоцна. Во гастроинтестиналниот тракт на глувците се случи магија и се покажа дека гелот навистина делува.
Глувците во тест групата покажаа радикално намалени нивоа на алкохол, дури 40 до 50 проценти пониски од контролната група, во која црниот дроб беше задолжен за метаболизирање на алкохолот. Тест групата, исто така, генерално покажа помала штета на телото и организмот.
Експериментите врз луѓе сè уште не се спроведени, но тим од научници поднеле барање за патент за гелот. И ако овој гел стане широко достапен, не значи дека треба да претерате со алкохолот и да се потпрете на нешто како овој гел за да го намалите ефектот на алкохолот врз телото. Треба да бидете умерени во сè, вклучително и во алкохолот.