По договорот меѓу Путин и Ким Џонг-ун, Јужна Кореја ќе ја преиспита политиката на неиспраќање оружје на земји во конфликт (Украина)

Јужна Кореја ќе ја преиспита политиката со која и се забранува директно да испрати оружје за Украина, изјави денеска советникот на јужнокорејскиот претседател, Чанг Хо-џин.

Неговата изјава уследи по потпишувањето на договорот за одбрана помеѓу Северна Кореја и Русија.

Во Јужна Кореја во сила е забрана за продавање на во области на активен конфликт, САД и Украина побараа преиспитување на таквата одлука. Во јули 2022 година, пет месеци по руската инвазија врз Украина, Сеул потпиша договор за вооружување со Полска. Договорот опфаќа испраќање во Украина тенкови, ракетни фрлачи и авиони.

Јужна Кореја, како и Јапонија денеска изразија сериозна загриженост поради потпишувањето на договорот меѓу Северна Кореја и Русија, според кој не се исклучува „воено-техничката соработка“ и предвидува „заемна помош во случај на напад“.

Прочитајте и:  Путин со обраќање до нацијата: Конфликтот доби глобален карактер

Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на вчерашната средба во Пјонгјанг потпишаа договор за соработка, кој вклучува ветување за заемна помош доколку бидат нападнати.

– Секоја соработка што директно или индиректно придонесува за зајакнување на воените капацитети на Северна Кореја е кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН, изјави Чанг.

Сеул претходно го обвини Пјонгјанг дека ја снабдува Русија со оружје за нејзината војна во Украина во замена за руска технолошка поддршка.

- Реклама -