Украинска термоцентрала е оштетена во голем руски напад

Украинска термоцентрала синоќа е оштетена во голем руски напад, најнов насочен кон украинските енергетски инсталации, објави приватниот оператор на електраната ДТЕК.

„Уште една тешка ноќ за украинската енергетска индустрија, Русите ја нападнаа термоцентралата на ДТЕК“, соопшти денеска компанијата, посочувајќи дека е направена „сериозна штета“ и дека тројца вработени се повредени.

Според компанијата, тоа е седми „голем“ напад врз украинските електрани во изминатите три месеци.

Прочитајте и:  Рубљата со најслаба вредност од инвазијата врз Украина, руското МФ тврди дека тоа е одлично за финансирањето на војната
- Реклама -