Архангел, култниот македонски бенд предводен од легендарниот Ристо Вртев ќе настапи на главната фестивалска вечер на Битола Отворен Град, во петок на 28 јуни на Ракометното игралиште во Битола.
Големиот музички хепенинг на 23. издание на ,,Битола Отворен Град” е посветен на македонската музика.
На концертот ќе настапат и македонскиот рок бенд со најмногу хитови Ареа како и битолскиот продуцент и DJ ILE THE HAIR во една авторска урбана вечер на македонска музика.