Мурали инспирирани од Микеланџело, Леонардо и Де Кирико, изработени од учениците на „Лазар Личеновски“

Амбасадорот на Италија Андреа Силвестри заедно со директорот Димитар Филиповски по повод прославата на 80-годишнината од Средното уметничкото училиште „Лазар Личеновски“ во Скопје, ги промовираше муралите инспирирани од Микеланџело, Леонардо и Де Кирико, изработени од учениците под раководство на професорот Сашо Бајрактаров.

Муралите се дел од организираните манифестации за одбележување на 30-годишнината од дипломатските односи меѓу Италија и Северна Македонија.

„Овие прекрасни мурали не само што ја збогатуваат уметничката панорама на училиштето и градот, туку претставуваат и конкретен симбол за важноста на културните односи меѓу Северна Македонија и Италија“, истакна амбасадорот Силвестри, кој им подели награда на македонските млади уметници кои учествуваа во проектот.

Оваа иницијатива, смета амбасадорот силвестри ја слави не само убавината на уметноста, туку и вредноста на меѓународната соработка и пријателство меѓу нашите народи.

Прочитајте и:  Откриена огромна мрежа на фалсификати во Италија, ги лажирале делата на Моне, Ван Гог...
- Реклама -