Четврто издание на фестивалот „Пикник У Пелинце“ се одржува викендов во Меморијалниот центар АСНОМ – Пелинце.
За прв пат фестивалот е во дводневно издание, со повеќе од триесет изведувачи од четири држави.Во музичкиот дел на фестивалот ќе настапат Jansky, Herzel,Sidex & Syncloud, Darko Riple, Jelly for the babies, Floder, Deeplantic, Igor Cige, Dyad, Marko Di, Aikon, Mongo i Omary, Capee & manojlovv, DNA, Mario Mazzola, David, Impulse, Ogi Uzun, Dzulija, Matrik& Samardjiski, Vahicabi, Dado K & Mamli, Fildzi и многу други.
На фестивалот има и Кампинг зона соодветно обележена и осветлена за секој што сака да постави шатор. Денес ќе има 2 термини за вежбање јога. За време на целот настан ке има место каде што ке има поставено пинг понг маса, фрлање топка, како и многу други друштвени игри организирани од Makway INC и Badel.
Организаторот има огранизираниот превоз и автобуски линии со тргнување од Куманово (Градски Базен – Спортска Сала Паркинг) како и од Пелинце кон Куманово.
На влезот ке има поставено кутија за донации за бездомни животни.
Оваа година во соработка со “Europe House” за прв пат на фестивалот Пикник у Пелинце има Работилиница за Диџејство (DJ Workshop), која ке е наменета за сите гости кои имаат желба да дознаат повеќе за оваа работа и да се запознаат со сите термини и совети кои ке им користат во иднина дококлу се занимваат со диџејство.