Подољак: Украина нема да ги прифати условите на Путин за почеток на мировните преговори

Украина нема да ги прифати условите за почеток на преговорите за прекин на војната, што ги претстави рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаило Подољак.

Тој го отфрли предлогот на Путин, велејќи дека тоа не е сериозен обид за постигнување мировен договор и дека не е релевантен за какви било преговори.

Подољак додаде дека „нема можност да се најде компромис“ меѓу изјавите на Путин и условите за крај на војната што ги претстави Украина.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин
- Реклама -