Лајковите на X станаа приватни

Социјалната мрежа X (поранешен Twitter) допаѓањата (лајковите) на објавите ги направи приватни со последното ажурирање вчера.  Тоа значи дека корисниците не можат да видат што останатите лајкнуваат, ниту пак да видат кој лајкнал одредена објава.

Сопственикот на мрежата, милијардерот Илон Маск објави дека е „важно да им се дозволи на луѓето да лајкнуваат објави без да бидат нападнати за тоа“.

Пред неколку недели, еден од директорите во компанијата, Хаофеи Ванг рече дека оваа промена е за да се заштити јавниот имиџ на луѓето, бидејќи многумина не лајкнуваат содржини кои може да бидат протолкувани како провокативни или контраверзни.

Досега, секој профил на X имаше дел „Лајкови“, каде што можеа да се видат сите лајкнати објави од таа личност, а сега тоа веќе не е досстапно. Корсниците ќе може да видат кој ги лајкнал нивните објави, а за туѓите ќе може да го видат само бројот на лајкови.

Прочитајте и:  Австралија: Милионски казни за социјалните мрежи ако не спречат пристап за лица помлади од 16 години, корисниците ќе треба да се идентификуваат

Критичарите на Маск и на оваа промена велат дека таа е направена за да може на социјалната мрежа да се форсираат радикални десничарски ставови, без притоа да се гледа дали тие користат ботови за собирање на лајкови.

- Реклама -