Изложба „Професори и студенти“ во МКЦ

Изложбата „Професори и студенти“ е во организација на Младинскиот културен центар и финансиска подршка на Град Скопје. Годинава се одржува по втор пат по минатогодишната, со тенденција да стане брендиран настан на МКЦ.

Оваа година, точно сто години по отварањето на втората групна изложба во историјата на Македонија , и сто години по првиот, неуспешен, обид за формирање на Ликовна академија кај нас, се отвара втората групна изложба на дела на професори и студенти од уметничките факултети и школи во Република Македонија. Изложбата е наречена едноставно: „Професори и студенти“.

На изложбата се претставени дела на универзитетски професори и студенти од следниве факултети и школи: Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултетот за дизајн и мултимедија на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, Факултетот за уметност и дизајн на Интернационалниот Балкански Универзитет, Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет Скопје, Ликовна академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Факултетот за уметности при Државниот универзитет во Тетово и „Скала“ – Школа за дијзан и уметност. Самата бројка на застапени институции, како и на различните академските програми што тие ги нудат, говори многу за промената и за развојот на културната и ликовната свест во Македонија во изминатите сто години, а истовремено, и за сегашното високо ниво на уметничката и академската култура во нашата земја. Изложбата „Професори и студенти“ е амалгман од разни дела и место каде што се спојуваат ликовните гласови на уметници од различни уметнички академии. Поради тоа слободно може да кажеме дека овој еклектичен собир е одреден вид на прослава на разни дискурси што ја дефинираат современата уметност, каде секој уметник придонесува со својата лична визија. Тоа што веднаш плени на изложбата е разноврсноста на уметничките техники на изложените дела. Претставени се сликарски дела на платно и лесонит како и графики изработени во некои од класичните, традиционални техники како сува игла, акватинта и висок печат (каде најбројни се делата изработени на линолеум – линорез

Основата, сржта на овој проект е заедничкото претставување на дела на професори и на нивните студенти. Меѓутоа, поради групното прикажување избраните дела, статусните разлики што постојат во ателјеата на академиите и школите, разликите помеѓу професор и студент, помеѓу ментор и ученик, овдека ги нема. Делата се поставени на ѕидовите и сега

тие „говорат“, при што се појавува и еден друг диалог што ги надминува поделбите на разни академски институции а со тоа ја збогатува и уметничката култура на нашата земја.

Изложбата трае до 23 јуни

- Реклама -