Изложбата „Поместени граници“ е веќе традиционална изложба од годишната програма на ДЛУМ, одобрена од Министерството за култура.
Оваа година, изложбата има за цел со иновативен артистички пристап да го промовира новиот простор на ДЛУМ на Бул. „Илинден“ 63, Скопје.
Примарната цел на претстојниот настан е да го означи почетокот на новото поглавје за Друштвото и да привлече внимание и поддршка за реновирање и адаптација на просторот. Друштвото на ликовни уметници на Македонија ова претставување го разработи во соработка и активно учество на Уметничкиот совет на ДЛУМ и ко-кураторот Стефан Александар Јовановски Со радост претставуваме дел од заедничкиот концепт преку авторскиот текстот кој ко-кураторот го достави:
Изложбата „Поместени граници“ и целиот настан има за цел активно да ги вклучи членовите на ДЛУМ, сите генерации уметници, како и целата културна јавност во поддршка за активирање на овој нов простор. Замислената трансформација во иднина вклучува претворање на просторот во галерија, канцеларија, изложбен простор и простор за работилница, а со тоа максимизирање на неговиот потенцијал и подобрување на неговата улога во уметничката заедница. Продолжувајќи, целта на овој настан е јавно да се запознае новиот простор на пошироката публика, означувајќи го почетокот на новото поглавје за ДЛУМ. И покрај тоа што е најстарото здружение во оваа област, во последниве години се бори да ја задржи престижната репутација.
Со јасна визија и посветеност од клучните чинители постои оптимизам за потенцијалниот успех на настанот и последователните напори за ревитализација. Со искористување на ентузијазмот и креативноста на своите членови Друштвото е подготвено да тргне на возбудливо патување кон трансформирање на својот простор во современ културен центар.