Украина соопшти дека ги погодила руските системи за воздушна одбрана на Крим

Украинската војска денеска соопшти дека извршила успешни напади врз руските системи за воздушна одбрана во окупираниот Крим, јави ДПА.

Ракетните системи земја-воздух биле оштетени во воздушни напади недалеку од пристанишниот град Севастопол, соопшти украинскиот Генералштаб во објава на Фејсбук.

Во нападите во текот на ноќта биле уништени и резерви на муниција, се вели во соопштението.

Гувернерот на Севастопол, назначен од Москва, Михаил Развозаев, претходно преку сервисот за пораки Телеграм изјави дека е одбиен украински ракетен напад.

Тврдењата на двете страни не можеа веднаш да се проверат.

Прочитајте и:  Американски сенатор: Залудно е да се преговара со тиранинот Путин
- Реклама -