Во среда на 19 јуни во 19.00 часот во Europe House Skopje, Францускиот институт во Скопје и издавачката куќа „Антолог“, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје, организираат интерактивна книжевна средба со еден од најзначајните француски писатели и лауреат на Гонкуровата награда, Матијас Енар. Романот „Бусола“, за којшто тој ја доби оваа најпрестижна француска книжевна награда во 2015 година, е преведен на македонски јазик од страна на издавачката куќа „Антолог“.
Настанот ќе се одвива со превод на македонски јазик.